Пристапност

 pristapnost

Објектот на Музејот на македонската борба е граден според современите стандарди за пристапност. Главниот влез на музејот е лесно пристапен за лица со попреченост во движењето. Во објектот постојат лифтови и тоалети за лица со попреченост во движењето. Во изложбените простории и во холот постојат места за одмор.
Музејот поседува две инвалдиски колички кои се на располагање за користење.
За слепите и слабовидни лица музејот отпечати каталог на музејската поставка на Браево писмо. Музејот поседува аудио водич Минато на дланка за одбрани тактилни предмети преку кои е претставена музејската поставка. Овој водич има и верзија на Браево писмо.

Доколку имате посебни барања во врска со посетата ви стоиме на располагање на нашите контакт телефони.
3 256 667 и 3 256 668